17 C
Skopje
сабота, мај 1, 2021
spot_img

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Сумо борач почина откако неговиот противник му го скрши вратот (ВИДЕО)

Сумо борачот Хибикиру почина еден месец откако падна на главата за време на борба, објави денеска Јапонското сумо здружение.

Според јапонските медиуми, 28-годишникот ја изгубил битката за својот живот по повеќе од 30 дена во болницата, во која завршил кога бил фрлен на работ на арената за време на борбата, и паднал удирајќи ја главата, што, за жал, беше доволно да му го скрши вратот и да му наштети на ‘рбетниот мозок.

Спортистот, чие вистинско име е Митсуки Имано, беше примен во болница на 26 март, а Јапонското сумо здружение вчера објави дека починал кога престанале да му работат белите дробови.

Хибикиру дебитираше во 2011 година и стигна до 24-то место во конкуренција на 200 борачи, во четвртиот ранг од шест во сумо борење.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести