20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Еве како жените ги победуваат другите жени конкурентки

Жените, кога ќе почувствуваат конкуренција, прават разни работи со цел да го „спасат“ мажот кој имале намера да го освојат, но и да се ослободат од ривалките.

Истражувачите разгледале тактики што ги користеле жените за да се справат со конкуренцијата додека заведувале маж. Тие научиле дека тактиката може да биде успешна, но не на долг рок.

Конкурентен флерт е израз што значи флерт со кој жената сака да му соопшти на мажот кога е заинтересирана, но во исто време да им покаже на другите дами дека тој е „само нејзин“.,

Студија спроведена од американскиот универзитет  „Бакнел“ и канадскиот „Света Марија“, покажала дека овие однесувања ги има скоро истите карактеристики на ритуалното парење кај животните.

Тактики што ги користат жените

Истражувачите составиле список со 11 невербални тактики на заведување што дамите ги користат во конкурентно заведување на примерок од 91 хетеросексуална жена.

Жените ги користат овие тактики кога ќе почувствуваат дека имаат конкуренција во обид да добијат наклонетост на одреден маж, а нивната примарна цел е да го привлечат неговото внимание.

Контакт со очи

Играње во неговото видно поле

Му „фрлаат“ насмевки

Го допираат

Се смеат на неговите шеги

Тие се позиционирани помеѓу мажот и потенцијалната конкуренција

Покажуваат одвратност кон конкуренцијата (вртат очи, се муртат …)

Стојат веднаш до тој човек

Го гушкаат

Повремено заведуваат и други мажи

Му мавтаат на човекот што го заведуваат

Овие тактики се разликуваат од оние што ги користат жените кога во близина нема конкуренција.

Во вториот дел од студијата, жените и мажите го оцениле успехот на овие стилови.

Двата пола се согласиле дека од сите применети тактики, фунционираат: контакт со очи, гушкање, смеење на неговите шеги, стоење помеѓу мажот и конкуренцијата.

Колку е ефикасен компетитивниот флерт?

Рини Ен Рајан, која е советник за флерт и врски, смета дека компетитивниот флерт може да има и контра ефекти.

– Мажите сакаат кога треба да освојат жена и тоа може да ги збуни ако смените улоги. Тој  ретко ќе се интересира за такви жени, каде наместо да биде ловец, тој станува плен – објаснува таа.

Додава дека жените, кои ја користат горенаведената тактика, може да изгледаат очајни за мажот и посочува дека на овој начин нема да добијат симпатија.

– Ако барате трајна љубов, бидете она што сте, најдобрата верзија за себе, бидете отворени и пријателски расположени – вели таа

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести