25 C
Skopje
петок, април 30, 2021
spot_img

КАТАСТРОФА: Индија денес го сруши црниот дневен рекорд во бројот на заболени од вирусот корона

Индија денес го сруши црниот дневен рекорд во бројот на заболени од вирусот корона, што е исто така негативен светски рекорд – регистрирани се 386.452 случаи, додека починале 3.498 лица, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

Индија забележала 7,7 милиони случаи од февруари, кога започна вториот бран на пандемијата COVID-19, според статистиката на Ројтерс.

Во споредба со оваа бројка од февруари, на Индија претходно ѝ требаа шест месеци да достигне 7,7 милиони случаи.

Вкупниот број на случаи во Индија од почетокот на пандемијата на вирусот корона е близу 19 милиони, покажуваат податоците на страницата worldometers.info.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести