23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Приведен лихвар од Велес

На 28.04.2021 околу 15.40 часот на ул.„Петре Прличко“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.С.(44) од Велес, поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Тој бил лишен од слобода  при земање обележани банкноти, а по претходна пријава на 33-годишен маж од Велес дека во периодот од мај 2020 до април 2021 година за земени 100 евра во денарска противвредност поради притисоци и закани на А.С. му вратил околу 30.000 денари, а му побарувал уште 90.000 денари како камата.  
Врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во домот на А.С., при што биле пронајдени и одземени четири мобилни телефони и документација (нотарски акти за недвижен имот и уплатници за трансфер на парични средства во износ од околу 4.000.000 денари).
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести