21 C
Skopje
четврток, април 29, 2021
spot_img

САМО НА БАЛКАНОТ! Познатата српска актерка стана социјален случај (видео)

Актерката Љиљана Јакшиќ, попозната по улогата на чистачката Салвета, роди ќерка на 52-годишна возраст, а сега беше видена со неа на дневна прошетка низ градот.

Имено, екипата на шоуто „Папарацо Хант“ ја фати познатата актерка на прошетка со нејзината седумгодишна наследничка, која сега е прваче, а актерката сама се грижи за неа.

Патем, неодамна таа се пожали на лошата финансиска состојба.

– Не работев седум месеци и секако коронавирусот имаше ефект. За мене е неверојатна приказна, како да сум во зона на самракот од која никогаш не можам да се разбудам. Сите се уште се многу стегнати, но надежта дека сето ова ќе заврши е поблиску – рече таа за шоуто „Премиера – специјален викенд“.

Љиљана истакна дека добила помош од државата, но дека станала „социјален случај“ поради откажаните настапи. Но, и покрај сè, таа не апелира за помош.

– Јас не упатив апели, плативме околу 90 илјади за првите три месеци, а потоа станавме социјални случаи, поради околности. Кога животот ви дава лимон и вие правите лимонада. Ми се случи адвокатска канцеларија да донира за мојата претстава за Скадарлија – рече актерката и ја спомна својата ќерка Дарија, која годинава стана ученик:

– Сега оди на училиште. Таа беше возбудена, јас бев возбудена. Тоа е еден од најсвечените моменти во мојот живот, рече таа

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести