21 C
Skopje
четврток, април 29, 2021
spot_img

ДЕМИ ЛОВАТО ЈА ЗАГУБИ БИТКАТА СО ОВОШНИОТ ЈОГУРТ

Пејачката Деми Левато влезе во чуден конфликт – со продавница замрзнат овошен јогурт, бидејќи, како што вели, натписот „без шеќер“ на одредени видови јогурт ја вознемирил.

Левато на своите социјални мрежи објави дека се шокирала кога видела дека одредени производи во продавницата за замрзнат јогурт се обележани како без шеќер, затоа што верува дека тоа е дел од „токсична диетална култура “.

Таа вели дека оваа индикација е поттик за секој што се бори со разни нарушувања во исхраната, проблем со кој се обидува да се справи со години.

„Излегов од таа продавница без јогурт и бев тажна цел ден“, рече Левато.

Сепак, пејачката беше критикувана од две причини – затоа што напаѓа мал бизнис кој страдал доволно финансиски за време на пандемијата и затоа што не се зема предвид дека производи без шеќер јадат луѓе со дијабетес и други здравствени проблеми, не само луѓе кои сакаат да изгубат тежина.

„Малку е невкусно да се нападне мал бизнис пред 102 милиони нејзини следбеници“велат нејзините фанови

Левато подоцна повторно се јави да се извини, но повеќе се фокусираше на фактот дека сè уште смета дека „диеталната култура“ е проблем во нашето општество.

„Па, ќе направам грешки понекогаш, не е лесно да се биде славен“, рече таа, а по целата ситуација изгуби стотици илјади следбеници.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести