15 C
Skopje
среда, април 28, 2021
spot_img

143 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, четири за возење без возачка дозвола, 50 прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, четири прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли и 36 санкции за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести