11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

КОНЕЧНО! Моника Белучи ја откри тајната на убавината

Нејзиниот сексапил не стивнува со годините, а таа е и голем противник на вештачкото стареење. Моника еднаш истакна дека клучот за убавина и сексапил го гледа исклучиво во самодовербата на жената и верува дека жените се под притисок за како треба да изгледаат, што ја лути секој ден.

“Навистина ми е досадно да слушам и да гледам жени кои на четириесет години би сакале да изгледаат како да имаат дваесет години. Тоа е бизарно. Јас не сум против пластична операција, можеби ќе направам тотален лифт во следните десет години”, изјави Моника Белучи за британскиот магазин Amuse. За среќа, таа сепак е природна убавица.

Моника е исполнета мајка на две ќерки, кои ги има со сопругот Винсент Касел. Кога не работи, целото внимание го посветува на своите деца, наместо да се заморува од својот изглед. “Кога сум дома, воопшто не се шминкам. Мислам дека моето семејство треба да биде центарот на светот. Тешко е за актерите, бидејќи на сè околу нас им се дава големо значење.“

Исто така, Моника изјави дека е уморна од размислување дека има само еден вид фигура што е привлечна. Таа го цени фактот дека секоја жена е различна и би сакала другите жени да го разберат тоа на вистински начин.

„Совршенство не постои, па дури и да го имаше, ќе беше досадно. Се согласувам дека виткото тело е привлечно, но кој може да тврди дека облините не можат да бидат убави на ист начин? Би сакала луѓето еднаш и засекогаш да разберат дека големите раце можат да бидат подеднакво секси како и големите гради“ – рекла Моника во едно интервју. 57-годишната актерка исто така истакна дека не е сè во изборот на облека или вложувањето во козметика.

„Најважно е самодовербата. Ако се чувствувате добро, изгледате добро. Ако се чувствувате непријатно, ќе се гледа вашата несигурност“ – заклучила таа.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести