19 C
Skopje
среда, април 28, 2021
spot_img

ХОРОР: МРТВО БЕБЕ ПРОНАЈДЕНО ВО КОНТЕЈНЕР ВО СРБИЈА

Ужас го потресе денеска српскиот град Пријеполе, откако утрово околу 11 часот, жителите пронашле мртво новородено бебе во контејнер за ѓубре.

Како што неофицијално дознава агенцијата РИНА, жена која живее во таа населба се породила дома, а потоа го фрлила бебето.

Сè уште не е познато дали бебето е мртвородено или починало подоцна.

Мајката е хоспитализирана на гинеколошкото одделение во болницата во Пријеполе.

Во оваа здравствена установа е потврдено дека се случила несреќата, но тие не можат да дадат повеќе информации за медиумите бидејќи во тек е истрага.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести