23 C
Skopje
среда, април 28, 2021
spot_img

ХОРОР: Морбидни работи откриени во вилата на Веља Невоља

Вељко Беливук (35) викан Веља Невоља и членовите на неговата група користеле гумени комбинизони и чизми додека ги касапеле своите жртви, ова се најновите сознанија од истрагата. Имено, во тајниот бункер во куќата во Ритопек биле најдени крвави комбинизони, а се претпоставува дека таму се убиени и смелени во машини за мелење месо најмалку петмина луѓе.Во бункерот се најдени и големи чекани кои биле користени за дробење на черепите и покрупните коски, што потоа биле закопувани покрај полскиот клозет. Добро информиран извор открива дека инспекторите биле шокирани кога виделе што се било скриено во тајниот бункер во куќата на ужасот во Ритопек.

Новодно Беливук и екипата додека ги распарчувале труповите користеле гумени комбинизони и чизми, а по подот и ѕидовите на бункерот биле излепени најлони.

– Откако оделата и алатот за мачење, како и машините за мелење месо се однесени на вештачење, форензичарите го тргнале и сиот паркет и плочките од гаражата и тајниот бункер во куќата, со цел да не најдат биолошки траги од жртвите, рекол изворот.

Во куќата биле најдени и неколку парчиња гардероба за кои се претпоставува дека им припаѓаат на жртвите. На вештачење биле испратени и парчињата коски најдени во свежо раскопаната земја кај полскиот клозет, каде се претпоставува дека Беливук и екипата ги закопувале издробените коски кои не можеле да се смелат во машините за месо.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести