15 C
Skopje
среда, април 28, 2021
spot_img

Средба Спасовски – Рејшам: Трајна соработка со ИЦИТАП Програмата како поддршка на реформите за професионализација на полицијата

Денеска (28.04.2021) во Министерството за внатрешни работи министерот Оливер Спасовски одржа средба со новиот програмски менаџер на ИЦИТАП Програмата при Амбасадата на САД во Скопје, Карл Рејшам.

Посакувајќи му добродојде и успешна работа на новата позиција, министерот Спасовски се осврна на соработката со ИЦИТАП Програмата, која изминатите години ја поддржуваше професионализацијата на полицијата преку Проектите и техничката помош наменета за Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија. Тој се заблагодари на богатата, искрена и пријателска соработка, нагласувајќи дека Министерството за внатрешни работи е насочено кон трајна соработка со ИЦИТАП Програмата.

Програмскиот менаџер на ИЦИТАП Програмата, Карл Рејшам, изразувајќи благодарност за остварената средба и конструктивниот разговор, истакна дека за време на неговиот мандат на оваа позиција ќе се заложи за продолжување, продлабочување и интензивирање на соработката во рамки на Програмата со Министерството за внатрешни работи.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести