19 C
Skopje
среда, април 28, 2021
spot_img

Канада за прв пат во историјата ја презеде титулата за најдобра земја во светот

Американската медиумска компанија „US News and World Report“ неодамна ја објави ранг-листата на најдобрите земји за 2021 година. Според резултатите од оваа година, Канада за прв пат во историјата ја презеде титулата за најдобра земја во светот.

Извештајот се објавува секоја година, а минатата година Швајцарија го зазеде првото место, додека Канада беше веднаш зад неа. Земјите се рангирани според широк спектар на категории, вклучително и деловна агилност, моќ, општествено одговорен бизнис, позиција на жени, перспектива, расна еднаквост и многу повеќе.

Според ранг-листата оваа година, земајќи сè во предвид, најдобрите земји во светот се:

  1. Канада
  2. Јапонија
  3. Германија
  4. Швајцарија
  5. Австралија
  6. САД
  7. Нов Зеланд
  8. Велика Британија
  9. Шведска
  10. Холандија

Зошто Канада е најдобра?

Според извештајот, Канада е земја која има добар пазар на труд, се грижи за човековите права и социјалната правда и не се смета за корумпирана. Исто така, таа доби највисоко признание за области како што се образование, квалитетно пензионирање, транспарентност и еколошко, здрав живот.

Канада исто така го зазеде првото место кога станува збор за општествено одговорниот бизнис, второто место за расна еднаквост и шестото место за претприемништвото. Од друга страна, оваа земја не е меѓу првите десет во категории како што се: авантури, културно влијание, моќ или културно наследство.

Интересни факти за Канада

Три канадски острови се наоѓаат на списокот на 10-те најголеми острови на планетата Земја, а тоа се: островот Бафин, островот Викторија и островот Елесмер.

Земјата има повеќе од 3 милиони езера, од кои две, Големото Мечкино и Големото Ропско езеро се најголеми.

Торонто е најголемата метропола во Канада, со над 6 милиони луѓе. Монтреал, вториот по големина град во Канада, има над 4 милиони жители, а исто така е втор по големина град во светот со француско говорно подрачје. Првиот е, се разбира, Париз.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести