15 C
Skopje
среда, април 28, 2021
spot_img

Еве кои градови во моментов имаат најмногу жители

Факт што не нè изненадува е дека повеќето од најнаселените градови во светот се наоѓаат во најнаселените земји во светот. Според најновите податоци на страницата World Population Review, која ги брои жителите на светот од секунда во секунда, вака изгледа списокот со десет градови со најголемо население.

1. Токио – 37.435.191 жител
2. Делхи – 29.399.141 жител
3. Шангај – 26.317.104 жители
4. Сао Паоло – 21 846 507 жители
5. Мексико Сити – 21.671.908 жители
6. Каиро – 20.484.965 жители
7. Дака – 20.283,552 жители
8. Мумбаи – 20.185.064 жители
9. Пекинг – 20.035.455 жители
10. Осака – 19.222.665 жители

Покрај Шангај и Пекинг, на списокот има многу кинески градови како што се Чонгкинг, Тијанџин, Гуангжу, но и Вухан, кој го зазеде 41-то место со околу 8,5 милиони жители.

Сепак, убедливо најголемиот град во светот е Токио, кој има 38 милиони жители кога ќе го сметате целиот регион опфатен со метро во Токио. Осака сè уште е на 10-то место, иако има скоро половина од населението.

Европските градови кои се издвојуваат на списокот се Истанбул, на 13-то место со над 15 милиони жители, Москва, на 24-то место со над 12 милиони и Париз со околу 11 милиони. Како светски културни центри, овие градови годишно примаат и милиони странски туристи.

Покрај Мексико Сити и Сао Паоло, прилично високо на списокот се и Буенос Аирес, Рио де Жанеиро, Богота и Лима. Њујорк е на 44-то место со нешто повеќе од 8 милиони жители.

По Каиро, најголеми градови во Африка се Киншаса и Лагос со население близу 15 милиони.

Најнаселениот австралиски град Мелбурн го зазеде само 78-то место со 5 милиони.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести