17 C
Skopje
понеделник, април 26, 2021
spot_img

СКАНДАЛ! ПОПУЛАРНАТА ТУРСКА АКТЕРКА ГО ИЗНЕВЕРУВАЛА СОПРУГОТ ИСТО КАКО ВО СЕРИЈАТА (фото)

Турската актерка Гокче Бахадир (39) неодамна се пожали на турската јавност дека нема среќа во љубовта, а после тоа „протекоа“ детали за нејзиниот поранешен сопруг, актерот Али Сунал (43) и нивната врска.

Имено, парот се венчале во 2011 година, а бракот траел само една година, а сега е откриено и зошто се развеле.

– Се венчавме од голема љубов, но решивме да се разделиме затоа што нашите патишта се разидуваа – изјави тогаш актерката како причина за разводот.

Таа не откри детали за брачните проблеми, но извори блиски до Гокча тврдат дека нивниот брак се распаднал бидејќи нејзиниот сопруг ја фатил во љубовна врска со неговиот татко Кемал Сунал.

– Покојниот Кемал беше голем заводник. Двајцата влегоа во врска само неколку дена откако тој стана нејзин свекор. Подолго време постоеше фатална привлечност меѓу нив, а не ја спречи фактот дека тој е постар од неа 30 години – открил извор близок на актерката во тоа време.

Се шушкаше дека биле раздвоени од Али, кој бил на пат и се вратил два дена порано. Прво го видел автомобилот на татко му во неговиот двор, а потоа ги нашол голи во дневната соба, што довело до невиден скандал.

Актерот конечно повторно ја најде среќата и од 2018 година е во среќен брак со Назли Курбанзаде, а имаат и ќерка Нарин Сунал.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести