8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Еве што треба да избегнувате пред и после вакцината

Најчести прашања пред закажаниот термин за вакцина се како да се подготвиме односно што да јадеме и пиеме пред и по вакцинацијата.

Нутриционистите споделуваат дел од нивните совети за сите оние кои се уште не ја примиле вакцината против коронавирусот.

Тие за хрватскиот портал „Ординација“ издвојуваат неколку работи кои ќе ви помогнат да го подготвите вашето тело за вакцина.

Избегнувајте го алкохолот пред и по вакцина

Нутриционистот Синтија Сас вели дека и само малку алкохол може лесно да предизвика дехидратација, што ќе ги зголеми нуспојавите.

Алкохолот е поврзан и со негативното влијание на имунитетот, па поради тоа треба целосно да го избегнувате. Исто така доколку сте мамурни, нема да можете да препознаете дали станува збор за последици предизвикани од вакцината или пак од алкохолот.

Не заборавајте да пиете вода

Водата треба да ја пиете пред и по вакцинацијата, а секако дека е најдобро да ја пиете во текот на целиот ден – од моментот кога ќе се разбудите до одењето на спиење. Доколку не ја обожувате водата, додадете ѝ малку лимон или пак некоја друга билка.

Конзумирајте здрави намирници

Дека здравите навики се поврзани и со подобрата превенција од болеста ковид-19, објавиле и нутриционистите по истражувањата и тоа во магазинот „British Journal of Nutrition“, а за да го заштитите здравјето, тие советуваат да изберете намирници полни со нутриенти и противвоспалителни дејства. Тоа се овошјето и зеленчукот.

Добра опција се супите од зеленчук, банана, диња, кафеав ориз или пак компир.

Пред вакцинацијата јадете избалансиран оброк

Иако губењето на свеста не е една од нуспојавите која се споменува, американскиот Центар за контрола и превенција на болести сепак известува дека тоа може да се случи, без оглед за која вакцина станува збор. Вообичаено последицата за тоа е анксиозноста, но за да го спречите тоа јадете нешто и напијте се малку вода пред вакцинацијата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести