13 C
Skopje
недела, април 25, 2021
spot_img

Короната си го направи своето: Испиено најмалку пиво во последните 50 години

Потрошувачката на пиво по глава на жител лани падна за пет проценти, на 135 литри, што е најниско ниво од 60-тите години на минатиот век, објави CSPS во Прага.

Падот е резултат на повеќемесечното затворање на пабовите, рестораните и угостителските објекти за да се спречи ширењето на COVID-19.

  • Не можам да се сетам дека пабовите и рестораните работеле волку слабо, рече Франтишек Самал, претседател на здружението на пивари.

Во 2019 година, Чесите испија една третина пиво, претежно свежо точено, во пабови, а минатата година тој дел беше намален за една четвртина.

Вкупното производство на пиво минатата година падна за 1,5 милиони хектолитри, на 20,1 милиони. Извезени се околу 5 милиони од нив, помалку отколку во претходната година, што значи дека пандемијата го прекина осумгодишниот раст на извозот, пишува порталот „Seebiz.eu“.

Најмногу падна продажбата на точено пиво, додека продажбата на пиво во лименки се зголеми.

Здружението на пивари повика наскоро да им се дозволи работа на баровите на отворено, за да не бидат принудени трајно да ги затвораат вратите.

Чешка има долга традиција на производство на пиво. Лагер пивото е дизајнирано во 1842 година според рецептот на Пилсен во западна Бохемија, а неодамна се основани голем број помали пиварници, истакнува агенцијата ДПА.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести