Денес на социјалните мрежи се појави снимка за која се тврди дека е од Гостивар, каде според снимениот материјал може да се увиди дека полициски службеник врши контрола на возило, во еден момент возачот се обидува да побегне, но храбриот полицаец не се откажа и успеа да го сопре, а со тоа да спречи трагедија.
Сцената наликува на акционен филм од Холивуд, а полицаецот со својата професионална реакција ја освои поддршката на социјалните мрежи.