13 C
Skopje
сабота, април 24, 2021
spot_img

Претрес во Кавадарци, пронајдени оружје и муниција

На 23.04.2021полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес – Одделение за внатрешни работи Кавадарци, по претходно добиена судска наредба од Основен суд Кавадарци, извршија претрес во домот на М.Т.(50) од Кавадарци.

При претресот се пронајдени и одземени 273 парчиња боева муниција, кал. 7,62х39, 173 парчиња муниција, кал. 9х19, 240 парчиња маневарска муниција, кал.7,62х39, 13 парчиња муниција, кал. 7,65, 2 парчиња муниција кал.12,7, пиштол „Црвена застава“ без рамка за куршуми, и пиштол „Црвена застава“ кал.9 мм со рамка.

Со М.Т. е извршен разговор, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, предвидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик. 

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести