15 C
Skopje
сабота, април 24, 2021
spot_img

ДИСКРЕТЕН ХЕРОЈ ВО ЦРНА ГОРА – Ги отплати долговите на цел град!

Човекот кој сакал да остане анонимен, одлучил на своите некогашни сограѓани во Бар да им ги отплати долговите.

Невероватна приказна од Црна Гора го заобиколи целиот регион откако е обзнаено дека еден непознат донатор, по потекло од таа земјата, на своите некогашни сограѓани во Бар одлучил да им ги отплати долговите.

Станува збор за долгови кои граѓаните ги имале во мала локална продавница во срцето на градот, до која од тие причини еден ден пристигнала порака со интересна содржина.

– Доставете ми го износот, без имиња на должници, кои подолго време и должат на вашата продавница како би ги платил нивните долгови – гласело известувањето на човекот кој несакал да го открие својот идентитет.

Мегутоа, медиумите успеале да дојдат до информации дека висината на отплатениот долг е 500 евра, како и тоа дека долгот е отплатен на припадниците од сите вери и нации запишани во бележникот на сопственикот на продавницата, во т.н. “тефтер-тетратка“.

Имено, подоцна е објаснето дека анонимниот донатор сакал за време на Рамазан, најзначајниот месец во исламот, да ги израдува некогашните сограѓани, неврзано за религија на која и припаѓаат.

Инаку во Бар, со векови живеат припадници на сите три доминантни вери на овие простори. Спрема последниот попис од 2011, околу 60 отсто жители на тој град се изјаснуваат како православни, околу 30 отсто се припадници на исламот, додека близу осум отсто католици.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести