12 C
Skopje
сабота, април 24, 2021
spot_img

ДЕГУСТАТОРИТЕ НА ВИНО БАРААТ ПРИОРИТЕТ ПРИ ВАКЦИНАЦИЈА

Француските дегустатори на вино сакаат да бидат дел од приоритетните групи за вакцинација против коронавирус затоа што стравуваат дека ќе го изгубат чувството за мирис доколку се заразат.

Анкета направена од Здружението на енолози таму открива дека повеќе од една третина од дегустаторите кои биле заразени тврдат дека инфекцијата влијае на нивната способност да си ја вршат работата.

Алијансата исто така забележува колку се загрижени сите во винската индустрија. На пример, поединци кои се обучувале како енолози морале да го запрат процесот откако се заразиле со вирусот корона поради важноста на нивното чувство за вкус и мирис за работата.

Претседателот на Алијансата Дидие Фагес рече дека тие испратиле писмо и до претседателот Макрон и до премиерот Кастекс со барање дегустаторите на вино да бидат меѓу приоритетните групи за имунизација.

Во образложението на барањето, тие наведоа дека сетилата за вкус и мирис се клучни за нивната работа. Како што го објаснија сликовито, кога енологот го губи чувството, исто е како кога музичар нема инструмент.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести