11 C
Skopje
петок, април 23, 2021
spot_img

Поради фатална грешка остана без Ферари вредно 340 000 евра

Сопственикот го чекал својот автомобил долго откако го платил, за набргу, поради невнимание да му се сруши светот врз глава.

Според локалните медиуми, виновник за инцидентот не е недостаток на возачко искуство, ниту брзање, туку за чиста негрижа.

Имено, според информациите, сопственикот на Ферари 812 Суперфаст вреден 340.000 евра паркирал на улицата во Сирмиона, веднаш до брегот на езерото Гарда.

Како што дознава Формула Пасион, менувачот случајно го оставил во неутрална положба, без активирана рачна сопирачка, па автомобилот се тркалал по удолницата. И бидејќи немало пречки, завршил во езерото.

Штетата сигурно не е мала, а големи се шансите да не биде покриена со осигурувањето.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести