8.8 C
Skopje
вторник, март 19, 2024

ОВА НИКОЈ НЕ ГО ОЧЕКУВАШЕ: Меган и се јавила на Кралицата..

Деновиве се шпекулираше дали Хари ќе остане за 95-от роденден на кралицата. Ако остане, тоа значи дека се случило некое помирување и се изедначиле односите, а ако тој се врати пред нејзиниот роденден, тоа значи дека немало помирување. Очигледно, немало помирување.

Меган Маркл не отпатува на службата што се одржа во замокот Виндзор во саботата, бидејќи е во напредна бременост – но се наведува дека се погрижила да разговара со кралицата пред погребот.

Меган Маркл и синот Арчи разговарале со кралицата пред погребот на принцот Филип, тврди кралскиот извор. Војвотката од Сасекс не отпатувала на погребот, што се одржа во саботата во замокот Виндзор, бидејќи е во напредна бременост.

Но, според изворот, актерката се погрижила претходно да стапи во контакт со кралицата. Војводата од Сасекс се врати дома, во Калифорнија, за да биде со Меган и неговиот мал син по престојот во Велика Британија. Се тврди дека Хари заминал без да го реши конфликтот во кој учествувале неговиот татко принцот Чарлс и братот принцот Вилијам.

За време на погребот, фокусот беше на тоа дали браќата ќе комуницираат, а братучедот Питер Филипс ги раздели во колоната зад ковчегот. Хари и Вилијам беа видени како разговараат по церемонијата, а присутна беше и Кејт Мидлтон. За парот се вели дека поминале два часа разговарајќи со принцот Чарлс.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести