5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Таканаречениот брз превоз на мрзеливиот Шилегов нема да биде брз, и ќе го уништи зеленилото на булеварите

Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ, реакција на интервјуто на Петре Шилегов на „Студио 10“

Мрзеливиот Петре Шилегов, а зине, лаже. Проектот БРТ е неадекватен за мал град како Скопје, тоа е превоз кој се користи во градови како Истанбул, каде растојанието од еден до друг крај на градот е околу  150 километри, а постојките се на минимум еден километар растојание, а просторот каде поминува е ограден и на секоја автобуска станица има пешачки натпатник за поминување на двете страни.

БРТ во Скопје удира по безбедноста на градот по повеќе нивоа.

1.       БРТ минува по средишното зеленило на булеварот Партизански одреди, каде што на два метри длабочина се наоѓа главната водоводна цевка за градот која е со големина Ф 1600, дури и најмали осцилации при градба може да доведат до нејзино пукање, а последиците се огромни. Дополнително така поставен систем над истата значајно ќе оневозможи било каква брза интервенција на истата ако дојде до дефект.

2.       БРТ ќе биде помеѓу трите коловозни ленти, што значи дека и постојките ќе бидат помеѓу трите коловозни ленти, а со тоа патниците кои ќе се симнуваат или качуваат во БРТ ќе треба да поминуваат булевари, со што значајно ќе се зголеми метежот, но и опасноста по нив.

БРТ ќе ги исклучи од движење автобуските линии каде што ќе сообраќа истиот, тоа дополнително ќе предизвика преопторување и метеж од невидени размери. Исто така патниците ќе мораат од Сарај до Бит Пазар да се прекачуваат два пати.

Мрзеливиот Шилегов целосно ќе го упропасти системот на автобуски линии, кои што се градени 60 – 70 години согласно потребите на граѓаните од сите скопски општини и приградски населби.

Мрзеливиот Шилегов ќе направи вистински хаос, а последиците ќе бидат огромни. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести