Дерек Шовин беше осуден за убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд минатиот мај во САД.
Поротата решаваше повеќе од 10 часа и конечно донесе пресуда на судењето на Дерек Шовин, прогласувајќи го поранешниот полицаец од Минеаполис виновен за убиство од втор и трет степен.
Шовин беше прогласен за виновен по сите три точки од обвинението и тој пресудата ја прими мирно, без поголеми емоции.
Derek Chauvin is handcuffed after being found guilty on all three counts, including second-degree murder https://t.co/TuOSC2CTtJ pic.twitter.com/sywmSbfIwe
— Reuters (@Reuters) April 20, 2021
Максималната казна за ова дело е 40 години затвор.
Пресудата ја донесе поротата од 12 члена по повеќе од 10 часа разговори во текот на два дена. Заклучено е во вторникот попладне околу 14 часот по локално време. Дванаесет поротници ги разгледаа сведочењата на 45 сведоци, вклучително и минувачи, полицајци и експерти, заедно со повеќечасовни видео докази.
Американските медиуми пишуваат дека судницата е опкружена со барикади, а околу неа се распоредени припадници на Националната гарда.
