11.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Поведена постапка против шестмина во Скопје за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 6 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, спротивно на прописите со кои е определена забрана за движење на населението во периодот од 20 до 05 часот следниот ден, биле затекнати пеш или со автомобили како се движат за време на полицискиот час на различни локации во градот без да поседуваат дозвола за тоа.

За сите обвинети надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​​

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести