9 C
Skopje
среда, април 21, 2021
spot_img

Мицкоски омекна за договорот со Бугарија! Тие што го поддржуваат веќе не се предавници

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ омекна како сунќер во однос на договорот со официјална Софија. Доколку Христијан Мицкоски до неодамна јавно ги распнуваше сите кои застанаа зад договорот за добрососедство со Бугарија, денес не изусти ниту збор во врска со него. Наместо тоа, се заблагодари и изрази поддршка на за темите кои се однесуваат за добросостојбата на Македонија.

„По покана на Епископ г. Партениј, денес ја посетив Свештената Бигорска Обител. Бев пречекан од братството во Бигорски Манастир Св. Јован Крстител во духот на манастирското гостољубие и запознаен со животот и мисијата на манастирот. Во топлата и пријателска атмосфера разговаравме за разни теми што се однесуваат за добросостојбата на Македонија.
Искажав голема благодарност и поддршка за благородната евангелска мисија на Владиката Партениј и на неговото братство“ напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.

Епископот Партениј важи за еден од најголемите поддржувачи на договорот со Бугарија.
„Остануваме цврсто зад постигнатиот Договор за добрососедски односи, пријателство и соработка меѓу Република Македонија и Бугарија, кој е напишан со крвта на нашите предци и за радост на нивните души. Спроведувањето на овој договор треба да биде во духот на почитување на меѓусебните особености, тој не треба да се претвори во причина за непотребни раздори, подведување и заладување на односите. Бидејќи сето она што предизвикува отуѓување, негативен полнеж или омраза – тоа не е дело Евангелско, а следствено нема да го има и благословот на нашите богољубиви предци“ изјави пред неполни три години Партениј по приемот на почесната награда на Европскиот парламент.
„Како и секој брат, Бугарија треба да простува и да разбира“, рече Партениј повикувајќи на братска поддршка на евроинтеграцијата на Македонија.

Мицкоски порано сметаше дека Договорот со Бугарија го загрозува националниот идентитет и бараше негово поништување , најавувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе склучи нов во кој ќе ги заштити македонските интереси.

Читај Следно

10,350FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести