18 C
Skopje
среда, април 21, 2021
spot_img

Борисов демантира дека ќе се кандидира за претседател

Бугарскиот премиер во оставка, Бојко Борисов, денеска на својот профил на Фејсбук соопшти дека нема да се кандидира за претседател на земјата.

Претходно денеска, при отпуштањето од болница, каде беше опериран по спортска повреда на коленото, Борисов предизвика паника кај своите политички противници во Бугарија, изјавувајќи дека доколку самиот стигне до канцеларијата ќе се кандидира за претседател.

„Не, јас нема да се кандидирам за претседател! Ако го остават Радев да се бори на политичката сцена место нив, ние сме подготвени да бидеме категорични опоненти на овој кабинет на задкулисието и да се сретнеме на новите избори, кога и да се тие!”, напиша Борисов на Фејсбук.

Претседателските избори во Бугарија треба да се одржат во октомври или најдоцна на почетокот на ноември годинава. Засега само Румен Радев објави дека ќе се кандидира за втор мандат, а Бугарската социјалистичка партија предводена од Корнелија Нинова соопшти дека ќе го поддржи.

Читај Следно

10,350FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести