18 C
Skopje
среда, април 21, 2021
spot_img

АББА ќе одржи холограмска турнеја следната година

Популарниот шведски бенд АББА конечно се враќа на музичката сцена по пауза од 35 години. Тие се враќаат со пет нови песни, и планираат да одржат турнеја различна од онаа на која е навикната публиката.

Групата за прв пат ја најави турнејата „ABBAtars“ во 2017 година, а требаше да започне во 2019 година.

Пред три години тие открија дека започнале да снимаат нови песни и нивното објавување беше најавено за 2019 година, но доцнеше. Во новото интервју за „Times“, текстописецот Бјерн Улвеус рече дека холограмската турнеја конечно ќе се одржи следната година и ќе изведат пет нови песни.

На турнејата ќе бидат присутни холограми на секој член на АББА, за кои Улвеус рече дека се создадени со фотографирање на пејачите од сите агли.

  • Правевме гримаса пред камерата. Тие ни цртаа точки на лицата и ни ги мереа главите, рече тој.

Иако Улвеус рече дека им е мило што се враќаат во студиото, никој од нив не сакаше да оди на турнеја.

  • Никогаш не сакавме навистина да одиме на турнеја. Имавме десетгодишна кариера и патувавме само околу шест месеци, рече тој.

На прашањето дали нивната музика е променета на кој било начин, тој рече дека гласовите на Агнета Фелцки и Ани-Фрид Лингстад ​​може да бидат за тон понизок, но дека сепак звучат како вистинска АББА.

Исто така, откриени се имињата на две песни: „I Still Have Faith In You“ и „Don’t Shut Me Down“. Едната е снимена во поп-денс стил, додека другата е побавна.

Читај Следно

10,350FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести