3 C
Skopje
среда, април 21, 2021
spot_img

Короната не оставила траги: Мицкоски си се врати на манипулациите

Според првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски неприродно е што хонорарот на адвокатот на општина Тетово е 5.000 евра. Во интервјуто на ТВ Клан, Мицкоски порача дека тоа многу го болело бидејќи станувало збор за пари на граѓаните.

„Што не прави сите луди кога читаме дека хонорарот на адвокатот на општина Тетово е 5000 евра месечно, тоа ме боли. Тоа се наши и ваши пари. Во суштина друго е јас да имам сопствена фирма, јас можам да го платам и најскапиот адвокат ако имам пари и ако сакам да го платам. Но кога јас работам за граѓаните не можам тоа да си го дозволам. Значи не можам тоа да си го дозволам, не природно е“ изјави Мицкоски.

Четири години претходно, парите кои ги префрлал за адвокати како директор на ЕЛЕМ не спомна дека го болеле толку, иако станува збор за неколкукрано повисока сума.

Дали тогаш сметал дека ЕЛЕМ била негова сопствена фирма или пак бил поотпорен на болка, не се осврна, но лани СДСМ го обвини дека за време на директорувањето на Мицковски со ЕЛЕМ тој расипнички се однесувал со парите на граѓаните овозможувајќи им на лица блиски до него, да се стекнуваат со големи суми на пари.

„Преку овој скандал којшто го откривме само со овие два договори којшто беа доставени до нас, практично се докажува како Христијан Мицковски испумпува на некој начин близу 170 000 евра до неговиот соработник Панче Тошковски којшто е и дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ“ изјави тогаш портпаролот на СДСМ.

СДСМ пред изборите до ЈО достави докази за работењето на Мицкоски во ЕЛЕМ, но исто како и за отворените афери за хидроцентралите, теретана, кршењето на протоколите во кафеана во Дебар Маало, не беше отворена истрага и одговорност немаше.

За разлика од Мицкоски, изминативе неколку години бројни партиски функционери од ВМРО-ДПМНЕ завршија со затворски казни или притвори.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести