22.8 C
Skopje
понеделник, мај 13, 2024

ПРВ СЛУЧАЈ ПОСЛЕ ЕДНА ГОДИНА И ОВАА ЗЕМЈА ВЕДНАШ ПРОГЛАСИ “LOCKDOWN”

Најголемите градови во Фиџи добија наредба да влезат во брза блокада, откако беше регистриран првиот локален случај на COVID-19, по повеќе од една година.

Една жена (53) била тестирана на коронавирус, кој е првиот човек кој добил COVID-19 на Фиџи од април минатата година, објави „Daily Mail“.

На сите граѓани на Фиџи им беше наредено да останат дома денес, а јавните собири се забранети и луѓето можат да излегуваат од своите домови само од медицински причини.

Островската држава регистрирала помалку од 100 случаи на ковиди од почетокот на пандемијата, а двајца пациенти починале.

  • Со цел да спречиме понатамошно заразување и да ги следиме контактите на заразеното лице, прогласуваме заклучување во областите Нада и Лаутока, со почеток во 4.00 часот утрово, соопшти државното Министерство за здравство.

Фиџи има 900.000 жители.

  • Сите граѓани мора да останат дома. Јавни собири не се можни и нема да работи ниту еден сервис, освен здравствените услуги, се додава во соопштението.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести