7 C
Skopje
понеделник, април 19, 2021
spot_img

СТРАШНО: Повеќе од 18 000 ДЕЦА БЕГАЛЦИ кои стигнаа во Европа СЕ ИСЧЕЗНАТИ !

Според анализата на новинарската група „Lost in Europe / Изгубени во Европа“, во која соработуваат репортери од лондонски „Guardian“, холандски сервис VPRO, германски RBB и други медиуми, од 2018 до 2020 година, 18.292 деца, малолетни бегалци без придружба кои пристигнале и за кои беа одговорни институциите на европските земји се водат како „исчезнати во Европа“, според Дојче веле.

Можно е повеќе деца да исчезнале, бидејќи има големи разлики во обработката на податоците меѓу земјите. Франција, Данска и Романија не собираат податоци од ваков вид, додека Бугарија не прави разлика помеѓу малолетници кои доаѓаат со старатели и оние кои доаѓаат сами.

Европската комисија е свесна за овие проблеми. Европскиот комесар за внатрешни работи Илва Јохансон наведува дека Брисел им посочи на членките на ЕУ дека „тие мораат да сторат повеќе против исчезнувањето на децата бегалци, меѓу другото, со подобро собирање податоци“.

Претставникот на меѓународната организација за детски права ESRAT, Верена Кек, смета дека реалниот број на деца кои губат трага во Европа е всушност многу поголем. Таа ја критикува ЕУ за заедничкото нерешавање на прашањето и за немањето централен регистар на исчезнати лица.

  • За децата и младите, ова може да има фатални последици, бидејќи тие можат да влезат во ситуација да бидат искористени. И ако никој не знае дека исчезнале, никој не ги бара, наведува Кек.

Девојче од Виетнам кое исчезна од германскиот државен дом за деца, во провинцијата Бранденбург, полицијата случајно ја пронајде неколку месеци подоцна при претрес на стан во Берлин. Девојчето живеело со виетнамски пар кој нелегално продавал дрога и цигари. Девојчето било принудено да работи во студио за маникир за 300 евра месечно, да продава цигари и да доставува наркотици.

Во Германија, во последните три години се пријавени 7.806 исчезнати деца, од кои 724 сè уште не се пронајдени. Најчесто, децата од Авганистан исчезнуваат, а потоа следат Мароко и Алжир.

Особено проблем е лошо водената статистика. Германската федерална канцеларија за криминалистика, задолжена за регистарот на исчезнати лица, признава дека некои деца бегалци ќе бидат евидентирани како исчезнати неколку пати, додека други ќе бидат изоставени.

Претставникот на организацијата „Германска помош за деца“, Холгер Хофман, го оценува недостатокот на сигурни податоци како „скандал“ и додава дека „ваквите дупки во знаењето широко ја отвораат вратата кон криминалните мрежи“.

Уште во 2016 година, Европол предупреди на криминални мрежи кои ги експлоатираат децата кои сами бегаат во Европа. Германските власти во јануари годинава објавија дека знаат за виетнамските банди кои тргувале со луѓе.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести