13 C
Skopje
недела, април 18, 2021
spot_img

ЛЕКАРИТЕ ШОКИРАНИ! ФЕНОМЕН: Жена била постојано пијана, а воопшто не пиела алкохол..

Жена од Питсбург станала прва на која и е дијагностицирано редок синдром поради урината која и се претворала во алкохол во бешиката како резултат од ферментација на кавац и шеќер. Анонимната пациентка (61) има дијабетис и цироза на црниот дроб и била на листа на чекање донатор за трансплантација на црн дроб.

Научниците кои добиле можност поблиску да ја испитаат оваа дијагноза, ја нарекле “синдром ферментација во бешика“ или “синдром на уринирање“. Спрема нивните наоди, во овој случај постојат доста сличности со сличен синдром, во кој лицето може да се напие откако ќе внесе голема количина јагленохидрати, а предходно воопшто не пиело алккохол.

Карактеристично во овој случај било тоа што жената негирала дека конзумира алкохол, никогаш не покажувала надворешни знаци на интоксикација, а исто така е утврдено дека нема алкохол во крвта. Меѓутоа секој тест на урина го потврдува неговото присуство.

Покрај алкохол, резултатите од испитуваните примероци откриле откриле голема количина на глукоза.
“Овие откривања довеле до тоа да ја тестираме оваа жена со присуство на квасец во бешиката, која е во состојба шеќерот да го претвори во етанол“, кажано е подоцна во научната студија за тој случај.
Дополнителните тестови ја потврдиле хипотезата на лекарите.

Квасецот која ја предизвикал оваа необична дијагноза кај жената е вообичаена во човечкото тело, но не е во големи количини како во овој случај. Меѓутоа, прекумертната зачестеност кај оваа жена може да биде во голема мерка поврзана со нејзиното не лекување на дијабетисот.

Во обид жената да го реши овој проблем не било успешно. Благодарение на овој случај, лекарите барем успеале подобро да ја запознаат самата дијагноза. Неодамна пронајдени се уште неколку случаи кога етанолот се создавал во бешиката, но после смртта или експериментите, односно во епрувета надвор од живиот организам.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести