10.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

ПОЛИЦАЈЦИТЕ НЕ МОЖЕА ДА ПОВЕРУВААТ ШТО ПРЕЖИВЕА! Го заби своето Maserati во надвозникот, бегајќи од полицијата.. (фото)

Полицијата во Окланд објави фотографии од необична сообраќајна несреќа што се случи во Калифорнија.

Според локалните медиуми, полициска патрола се обидела да го запре „Maserati Levante“ на автопатот, но возачот одбил да застане и забрзал до 160 км на час.

По кратка бркотница, возачот на Maserati-то изгубил контрола над возилото при исклучувањето од автопатот, по што италијанскиот теренец продолжил да се движи по земјениот насип, за да удри во надвозникот заглавувајќи се под бетонската конструкција .

Од полицијата наведуваат дека возачот за чудо ја преживеал несреќата, но завршил во болница поради повредите.

Откако ќе се опорави, ќе се соочи со обвиненија за несовесно возење и загрозување на безбедноста во сообраќајот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести