6.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

ШОКАНТНА ИЗЈАВА НА МИЦКОСКИ: Учеството на ДЕА во акциите е директно мешање во внатрешните работи на државата, ако тие знаат и молчат дека Заев и Спасовски се вмешани, тогаш и тие се соучесници (видео)

Синоќа во емисијата “Само Интервју” на Канал 5 телевизија, гостуваше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во еден дел од емисијата Мицкоски ги коментираше и актуелните случувања и афери, но и акциите во кои заеднички учествуваа МВР и американската ДЕА.

На прашање на новинарот зошто Мицкоски тврди дека Заев и Спасовски се директно вмешани во скандалите со запленетата дрога и случајот “Двојник” во кои учествуваа бирото за истраги во американската амбасада, но и ДЕА, Мицкоски даде шокантен одговор кој го остави новинарот без зборови.

Имено, Мицкоски кажа дека тоа е директно мешање во внатрешните работи на државата, а доколку американците знаеле дека Заев и Спасовски се вмешани и премолчиле, тогаш тоа значи дека тие се соучесници во кривичните дела и дека ова прашање може да стигне и до американскиот Конгрес.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести