5.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Полицијата денеска изутрина го приведе Драги Рашковски

Полицијата денеска изутрина го привела доскорешниот секретар во премиерскиот кабинет и екс генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, откако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донело наредба за истрага во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што не го користи ниедна институција, дознава „360 степени“.

Приведен е и сопственикот и управител на фирмата што ја доби спорната набавка „Инвока гроуп“, Даниел Станчев.

Се очекува Рашковски и Станчев да бидат изведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд – Скопје.

„360 степени“ веќе објави дека со наредбата за истрага се опфатени вкупно четири лица. За другите двајца обвинителството предлага други мерки на обезбедување.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести