21.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

ДРАМА: Индијка го тужи Принцот Хари, ветил дека ќе ја земе за жена (фото)

Индијката Палвиндер Каур го тужеше принцот Хари затоа што, како што тврди, и ветил дека ќе се ожени со неа, но тој не го сторил тоа.

Според Палвиндер од индискиот град Чандигар, принцот Хари требало да биде нејзиниот сопруг, барем тој го ветил тоа пред тој целосно да се повлече од целата приказна.

Каур реши лада го однесе својот случај, без адвокат, на суд, а како доказ, таа ја приложила нивната наводна преписка преку е-пошта.

Таа пред судот рекла дека дури му испратила порака на таткото на Хари, принцот Чарлс, во која го известила за идната венчавка.

Сепак, сето тоа го објави на социјалните мрежи и покрај тоа што не сретнала ниту еден од протагонистите во живо.

Таа  и побара од судот да го уапси принцот Хари.

Како што се очекуваше, Високиот суд на Пенџаб и Харијана не поверува во нејзината приказна.

„Постои голема можност таканаречениот принц Хари да седи во интернет-кафе во селото Пенџаб“, се вели во образложението на судот.

Дури и ако судот ја прифати жалбата на Индијката, едноставно нема основа за тоа.

Според надлежниот суд, документот доставен од несудената невеста бил прилично нецелосен.

Тој е полн со граматички грешки и е целосно конфузен. Е-пораките што ги добила Каур не се оригинални, а делови од комуникацијата се избришани и отстранети.

Покрај тоа, лажните профили на социјалните мрежи се скоро стари колку и самите социјални мрежи, а лажните предлози и љубовните измами не се ништо ново.

„Овој суд не наоѓа основа да се справи со ова барање за тужба и може да покаже само сочувство кон неа затоа што верувала дека таквата лажна комуникација е вистинита“, заклучи судот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести