11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ЌЕРКАТА НА МАЈА ОЏАКЛИЕВСКА Е ВИСТИНСКА ЛЕПОТИЦА (фото)

Пејачката Маја Оџаклиевска има две ќерки, но знаете ли како тие изгледаат?

Иако никогаш не се експонираат во јавноста, помладата ќeрка на Маја – Андреа, е вистинска убавица, а пoзнато е дека токму таа ја следела на телевизиските настапи и веќе тогаш била и тоа како забележана.

Оваа шармантна русокоса е активна на социјалните мрежи, а за неа се знае дека студирала туризам.

Ќерката на Маја е вистинска убавица, а очигледно е тоа колку сака да објавува свои фотографии на социјалната мрежа Инстаграм.

„Го жртвував поголемиот дел од кариерата за да бидат константно со моите ќерки. Ги носев секаде, паралелно работејќи ја својата работа, но и бирајќи места на кои што би можела да бидам со нив.

Самохраните родители најдобро знаат колку е тешко да се одгледуваат децата без помош на баба, тетки и останатите роднини. Не велам дека не помагаа, но поголем дел од товарот беше на мој грб, а тоа е многу тешко. Уште е потешко кога имате две деца. Тоа е одговорна и физички напорна работа, доколку сакате сè да биде како што треба“, изјавила Маја пред неколку години.

Инаку, Маја освен ќерката Андреа ја има и ќерката Теа која што ѝ го подарила внукот Лука.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести