21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Туристички корона експеримент прави Грција

Скоро 200 холандски туристи го заменија карантинот во својата земја за осум дена доброволно затворање во грчко одморалиште.

Тоа е тест што треба да покаже дали можат да се организираат безбедни одмори за време на COVID-19 пандемијата.

Учесниците на пробен одмор за 399 американски долари добиваат целосен пансион, вклучително и пристап до базен, ресторани и други објекти на хотелот Микис – но ништо друго.

Покрај редовните тестови за коронавирус и почитувањето на оддалеченоста од 1,5 метар, „туристите“ мора да бидат задоволни и со погледот кон Егејското Море од нивните простории или тераси, бидејќи никој не смее да го напушти одморалиштето каде што ќе бидат само гостите.

И покрај ограничувањата, побарувачката за патувањево била голема и се пријавиле околу 25 000 луѓе.

Грција, која е практично зависна од туризам, сака да ги привлече луѓето назад, по катастрофалната 2020 година, при што бројот на посетители падна на една четвртина во споредба со нивото од претходната година. „Многу е важно луѓето да почнат да доаѓаат кај нас“, вели Константинос Тераслиас, заменик градоначалник на Родос, четвртиот по големина грчки остров.

Холандскиот оператор „Sunweb“, кој го организираше ова патување поддржано од владата, се надева дека експериментот ќе покаже дека луѓето сè уште можат да уживаат во својот одмор, дури и под строги безбедносни мерки и да го отворат патот за повторно отворање на туризмот.

  • Ова е многу важно за туристичката индустрија. Не мислам дека многу компании ќе преживеат уште едно лето без патувања, рече извршниот директор на „Sunweb“, Матијас Тен Бринк. Тој, сепак, посочи дека затворањето луѓе во одморалишта веројатно нема да биде долгорочно решение.

Во меѓувреме во Родос, локалното население неизвесно ги чека холандските туристи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести