9.8 C
Skopje
вторник, март 19, 2024

СЗО ПРЕДУПРЕДУВА: Ситуацијата со коронавирусот во Западен Балкан е крајно сериозна

Претставничката на Европската канцеларија на СЗО Кетрин Смолвуд денеска предупреди на ситуацијата со коронавирусот во Западен Балкан и ја оцени како крајно сериозна.

– На Западен Балкан, имаме ситуација каде болниците треба да извршат пренамена, што значи дека другите видови медицински услуги се нарушени и одложени, а тоа повторно значи дека системот ќе биде оптоварен и во иднина. Тоа значи дека мора да ги примениме сите мерки без да чекаме за да ја намалиме стапката на инфекција, изјави Смолвуд за РТС.

Таа, исто така, оцени дека трите варијанти на коронавирусот, првпат откриени во Велика Британија, ЈАР и Бразил, се многу загрижувачки, но потенцира дека СЗО внимателно ги следи мутациите.

– Можно е ефикасноста на некои вакцини да е помала во случаи на мутирани вируси, но тоа не значи дека не функционира, рече Смолвуд, додавајќи дека тоа е можно и дека во одреден момент дополнителна доза на вакцината ќе треба да се даде.

– Ние ќе го набљудуваме тоа и редовно ќе се прилагодуваме. Се подготвуваме за тоа, но кога станува збор за првата рунда на вакцината, препорачуваме да примат иста вакцина од ист производител од двете дози што ги добиваат, рече таа.

Смолвуд рече и дека Европа досега не вакцинирала ни приближно толку луѓе што би било доволно да се влезе во друга фаза од пандемијата и оти е опасно ако не се сфати дека е тоа така.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести