7 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Поведена постапка против српски возач на камион – учесник во тешка сообраќајна несреќа кај Ростуше

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице, државјанин на Република Србија, поради сомненија дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 13 април управувал со товарно возило – влекач МАН со полуприколка со српски регистарски ознаки на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар. Во близина на Ростушки мост не ја прилагодил брзината на условите на патот, па на влажиот коловоз изгубил контрола врз камионот и се извртел. Притоа, полуприколката преминала на спротивната сообраќајна лента и удрила во патничко моторно возило „Хундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки кое се движело во спротивен правец.

Во несреќата, на лице место животот го загубил возачот на патничкиот автомобил, додека еден од сопатниците им подлегнал на повредите во болница. Останатите двајца сопатници во автомобилот исто така се здобиле со тешки телесни повреди.

Со цел да се спречи осомничениот да ја напушти државата, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за негово обезбедување во текот на кривичната постапка.​​

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести