18.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Честитка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод 29 години Царинска управа

Почитуван господине Сугарески, директор на Царинската управа,
Почитувани вработени во Царинската управа на Република Северна Македонија,

Со оглед  на специфичните околности, дозволете ми и на овој начин, со должниот пиетет кон вашата институција, во свое и во име на сите вработени во Министерството за внатрешни работи да ви го честитам Денот на Царината, имајќи во преден план дека царинските работници се врската на нашата држава со светот, огледало за деловното опкружување на една земја, првичната перцепција на светот за нас и суштинска алка за унапредување на меѓународните економски односи, преку континуираните напори за олеснување на слободното движење на луѓе, стоки и услуги.

Значењето на Царинската управа, како суштински дел од институционалниот систем на нашата држава, се огледува во фактот што во изминативе 29 години постоење на Царината, нејзините вработени, нејзиниот технички, кадровски, организационен потенцијал се етаблираа како кредибилна и есенцијална алка во доменот на сите оние законски надлежности на царинското работење. Притоа, преку континуираното нормативно и структурно прилагодување и модернизирање со право може да се извлече заклучокот дека оваа институција денес претставува силен заштитник и партнер во економското функционирање на државата, како во фискалната, така и во другите економски сфери.

Истовремено, особено од аспект на работата на МВР низ сите овие години наназад, Царината се докажа како исклучително битен партнер и фактор во делот намалување на ризиците од закани и контрола и спречување на недозволената трговија со дрога, оружје, со акцизни и други стоки, односно, генерално со сѐ она што е нотирано во постоечката законска регулатива како незаконито, а е во интерес на заштитата и безбедноста на граѓаните и на нашата држава.

Длабоко верувам дека и во годините пред нас, Царинската управа ќе продолжи со истата динамика на развој на структурно, кадровско, нормативно сообразување на своето функционирање, преку поедноставување, стандардизирање и хармонизирање на граничните постапки, во контекст на потребите на општеството и барањата што произлегуваат од сите регионални и меѓународни трендови на развој во царинското работење.

Честитајќи ви го речиси тридецениското постоење, почитувани цариници, ви посакувам многу успеси во сите ваши тековни и идни професионални ангажмани и активности.  Да продолжиме заеднички посветено да придонесуваме за одржлив и безбеден систем, за економски раст и развој и подобрување на животот на нашите граѓаните.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести