Сања Вучиќ, членка на составот “Hurricane” и овогодинешна евровизиска претставничка на Србија, признала дека кога била мала, односно во училишните денови, поминувала низ пекол бидејќи била жртва на насилство од врсниците.
Децата ја малтретирале зашто имала вишок килограми и ја нарекувале со погрдни имиња.
– Бев дебела и затоа се повлекував во себе. Ми велеа дека сум „дебела свиња“. Ме болеше тоа и многу патев. Знаеја да бидат баш сурови, но сега децата се уште полоши. Се газат меѓусебно и имаат кланови, рекла Сања и додала дека и сега има проблем со килограмите, но генерално е задоволна како изгледа.
– Со часови останував меѓу четири ѕида и плачев. Многу бев тажна во тој период. И сега ја сакам храната, но се контролирам, раскажала пејачката.