14 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

Шврговски: Разочарувачки ден за правото и правдата

Пресудата е неоснована и се базира на конструкции со кои целата јавност е доведена во заблуда, смета одбраната во случајот „Трезор“ која најави жалба до повисоките инстанци за осудителната пресуда и изречените казни. Одбрната е уверена дека првостепената одлука не може да опстои откако ќе биде правно разгледана и анализирана пред апелацискиот суд.

„ Навистина е разочарувачки ден за правото и правдата, затоа што судот во образложението на пресудата изнесе неколку невистини и изврши замена на тези во поглед на она што е обвинение“, изјави адвокатот Љупчо Шврговски.

Според одбраната судот во недостиг на аргументи не се ни обидел да одговори кои одредби и кој закон Сашо Мијалков ги има повредено доколку навистина ја искористил својата службена положба. Одбраната потенцираше дека ова кривично дело е од општ карактер и доколку во обвиниенитето нема повреда која што се наога во друг закон и подзаконски акт, само по себе не може да опстои.

Шврговски смета дека судот во своето образложение ја довел јавноста во заблуда истакнувајки дека обвиниението било докажано со фактот дека Сашо Мијалков бил во Лондон што било потврдено со авионски билети. За одбраната не е спорно дека Сашо Мијалков бил во Лондон и тоа не еднаш туку три пати , но тоа што судот требало да и го презентира на јавноста е фактот дека од доказот на јавниот обвинител произлегло токму спротивното дека Сашо Мијалков кога бил во Лондон не остварил средба со преставници на Гама ниту договарал со нив било каква набавка на опрема.

Класична замена на тези, за одбраната се и наводите дека сведокот Ѓоко Поповски од менаџментот на УБК добивал усни напатствија кога требало да ја набавува опремата, иако на конкретно прашање дали него му било сугерирано за фирмата Финзи, тој децидно кажал дека таква препорака не добил.

„Како правен преседан судот сака да конвалидира нешто што јавниот обвинител го пропуштил а тоа е економско вештачење па судот непознавајки ја економската вештина и доктрината на економијата се поставува во улогата на економски вештак кога вели во образложението дека од она што бил презентирано од факутурите, судот утврдил недосмислено дека се работи за износот од штета предизвикана на буџетот на РМ во износ од 20 милиони денари“ нагласува Шврговски кој вели дека не постои ваква пракса и прашува како можел судот да го утврди тоа.

Според адвокатот Василев законот е прекршен и при определување на мерка притвор од причина што јавниот обвинител немал можност да поднесе предлог да се определи нова мерка со оглед дека егзистира мерка притвор која е определена по предметот „Таргет-тврдина“.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести