14 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

СДСМ: Со „Шарената револуција“ народот си ја спаси државата и донесе слобода и демократија кои секојдневно ги унапредуваме

Соопштение за јавност од СДСМ – реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

„Шарената револуција“ донесе огромни промени на македонската политичка и општествена сцена.

Со „Шарената револуција“ илјадници граѓани во речиси сите градови низ државата си ја спасија државата од канџите на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, донесоа слобода и демократија кои денес се почитуваат и унапредуваат во континуитет.

11 години ВМРО-ДПМНЕ ја држеше државата заробена во режим, криминал, корупција и селективна правда се додека оваа партија не беше поразена од граѓаните.

Денес, партијата предводена од докажаниот губитник Христијан Мицкоски останува на браникот на криминалот, против правдата, против слободите, против интеграцијата, против отвореноста и транспарентноста, против сите принципи за кои се бореше „Шарената револуција“.

Политиките на Владата предводена од СДСМ, од 2017 година па се до денес, останаа доследни во почитувањето на барањата и заложбите на „Шарената револуција“.

Денес, предметите за висока корупција и организиран криминал се живи и тие добиваат и ќе добиваат судски разрешници, се случуваат сериозни реформи во судството, институциите се транспарентни, професионални и секогаш во служба на граѓаните.

Процесот за унапредување на човековите права и слободи, за градење еднакво општество продолжуваат во континуитет како врвна заложба на СДСМ.

Тоа се огромни суштински разлики помеѓу режимот на ВМРО-ДПМНЕ и Владата предводена од СДСМ и јасно е дека тоа е несфатливо за ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија знае само за режим, знае само да брани криминал и да шири лажни вести.

„Шарената револуција“ е најголемата победа на граѓаните, на демократијата и слободата врз режимско-криминалната матрица на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните шест пати ги поразуваат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и ќе продолжат да ги поразуваат се додека од белиот дворец освен одбрана на криминал не нудат ништо друго.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести