5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Последната желба на принцот Филип

Војводата од Единбург почина пред два дена во замокот Виндзор, а кралицата ја држел за рака до самиот крај.

Иако претставниците на Бакингемската палата одбија да дадат премногу информации за здравјето на принцот Филип и точните причини за неговата смрт, она што е познато е дека состојбата се влошила нагло во средата вечерта.

Принцот Филип наводно се замолил да не биде пренесен во болница, туку да умре во неговиот кревет, под свои услови и во друштво на својата сакана, пренесуваат британските медиуми.

Кралицата ја исполнила последната желба на принцот.

Упатените исто така велат дека принцот Чарлс бил во Бакингемската палата, кој останал таму сè до смртта на неговиот татко.

Принцот Филип помина четири недели во болница по операција на срцето. Иако бил исцрпен од постапката, тој инсистирал што побрзо да се врати дома затоа што не сакал да умре во болница.

Елизабета Втора и Филип, грчки принц со германско-данско потекло, беа во брак 73 години. Тие се запознале кога таа имала 13 години, а тој бил питомец во морнарицата и тогаш започнале да се допишуваат и се венчале кога таа наполнила 21 година.

Принцот Филип ќе биде погребан следната сабота.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести