9.8 C
Skopje
понеделник, март 25, 2024

НЕ ШТЕДИ ПАРИ! РОБЕРТО КАВАЛИ ЈА ЧАСТИ ПОМЛАДАТА ДЕВОЈКА ПРИВАТЕН ОСТРОВ (фото)

Италијанскиот моден дизајнер Роберто Кавали (80), кој има два брака од кои имал пет деца, сепак е во врска со Лина Нилсон (33) од 2008 година, која може да му биде внука по возраст.

Имено, 80-годишниот Роберто ја интригира јавноста со својата 47-години помлада девојка, и иако предвидуваа брз крај, тие сепак се заедно, веќе 13-та година по ред.

Модниот магнат, чие богатство се проценува на 500 милиони долари, е во врска со Лина од 2008 година, кога имала 20 години. Многумина ја нарекуваа спонзоруша затоа што е во врска со познат дизајнер чии креации се повеќе препознатливи по животински обрасци и затоа што тој по возраст може да ѝ биде дедо.

Често може да се забележат како уживаат во луксузни одмори на јахти, додека таа го привлекува окото со своите минијатурни бикини и одличната фигура.

Со оглед на неговата возраст, славниот Италијанец е потполно спротивен од неа со опуштена кожа, а се шпекулира дека покрај неговата возраст, неговото чудно лице е резултат на ботокс и некои други процедури.

Порано имаше проблеми со одење поради повреда на коленото, но неговата Лина секогаш беше подготвена да му помогне. Се шпекулираше дека парот ќе го изговори судбоносното да, но тоа сè уште не се случило.

Познато е дека Кавали им подарува на своите сакани луксузни подароци. Тој еднаш и подари остров во Шведска.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести