4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Грција ќе ги пречека туристите со колективен имунитет

До крајот на јуни или средината на јули ќе биде вакциниран еден голем дел од грчкото население и ќе се постигне, она што се нарекува ѕид на имунитет, рече генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, кој е надлежен за процесот на имунизација во земјата.

Тој вели дека на крајот од април или почетокот на мај, кога се очекува да бидат вакцинирани сите граѓани на возраст од над 60 години, како и ранливите категории со висока опасност, ќе се создаде еден „прв ѕид на имунитет“.

Во однос на вакцината на АстраЗенека, објасни дека надлежната комисија ќе одржи состанок, но истакна дека не се очекуваат драстични промени во програмата за вакцинација, единствено би можело да се донесе одлука за ограничувања поврзани со возраста.

Темистоклеус потенцираше дека и покрај натписите во медиумите и различните ставови на земјите од Европската унија, во Грција, и понатаму е висок процентот на граѓаните што се имунизираат со конкретната вакцина.

Претходно грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис упати апел до постарите граѓани да се вакцинираат што е можно побргу.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести