11.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

ТИЈАНА БРУТАЛНО ИСКРЕНА: Имав 115 килограми, немав врат, а рацете ми беа колку колковите..

Тијана Дапчевиќ го споделила своето искуство поврзано со намалување на килограмите кои што ги добила во текот на својата бременост.Тијана раскажала дека во тој период кога била бремена се здебелила 45 килограми и дека пред породувањето имала 115 килограми.

Таа исто така додала дека чувствувала глад речиси 24 часа дневно и дека често посегнувала по нездрава храна.

„Буквално носев една личност во себе. Немав врат, а рацете ми беа колку колковите. Тогаш решив да преземам нешто во врска со тоа. Меѓутоа, почнав да слабеам дури кога сфатив дека не ми е потребна никаква диета, туку дека треба да го сменам начинот на живот.

Ние жените имаме неверојатна блокада во главата кога ќе се спомне зборот „диета“. Тогаш мислиме само на храната и на тоа што ќе јадеме, а што нема да јадеме“, изјавила пејачката.

Како што навела, Тијана денот го започнува со овесни снегулки со чија семе и црвено овошје, за ручек вообичаено јаде месо од мисирка со зеленчук, а за вечера орада со салата.

„Имав криза на почеток, но дадов сè од себе за да издржам. Сите треба да се храниме без шеќер, брашно и млеко. Така ќе ја имаме телесната тежина која ја посакуваме. Меѓутоа, како и останатите жени така и јас често се опуштам, па знам да се здебелам“, изјавила Тијана на која целта ѝ е да ослабне уште девет килограми.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести