6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

ЕКСКЛУЗИВНО: ОТВОРЕНА ФИНАНСИСКА ИСТРАГА ЗА ПЕРЕЊЕ НА ПАРИ НА КРИМИНАЛНИТЕ ГРУПИ ОД ГРЧЕЦ И ГАЗИ БАБА

Медиа.мк ексклузивно дознава дека денес во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е отворена финансиска истрага за случајот “Планина”.

Шефицата на обвинителството за ГОКК, Вилма Русковска за медиа.мк потврди дека денес е отворена финансиска истрага. Обвинителството ќе треба да утврди на кој начин се легализираат парите од продажбата на кокаинот, да се анализира имотната состојба на осомничени и нивните семејства, како и приходите кои ги остварувале.

Во акцијата „Планина”, извршени беа претреси на 35 локации во село Грчец и Гази Баба, а 22 лица беа лишени од слобода, информираше тогаш на прес-конфернеција шефицата на Основно јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, нагласувајќи дека се фатени само продавачи, додека шест наркобосови се недостапни за органите за прогон и за нив се распишани меѓународни потерници.

Петмина од избеганите се од Грчец, а еден од нив е од Гази Баба. По сите се трага поради сомневање дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Наркобосовите избегаа, а за акцијата, обвинителката рече дека била пробиена. Тие успеале со себе да ја понесат и дрогата, а во моментот на спроведување на акцијата локациите каде што се чувала биле исчистени. Во акцијата не се запленија ниту најлуксузните возила што ги поседуваат водачите на групите, а пронајдени се само клучевите од нив.

Од двете групи беа одземени повеќе од 80.000 евра, 300.000 денари и 500 франци. Беше пронајдена наркотична дрога околу 5 кг марихуана и 600-700 грама кокаин.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести