20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

КУЗЕСКА: Независна истрага да даде одговори зошто Мицкоски се обиде да саботира акција на полицијата

Изјава за медиуми, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Обидите на Христијан Мицкоски да саботира важна полициска акција за да спаси криминалци пропаднаа.

Акцијата на полицијата против фалсификатори на пасоши заврши успешно, по спроведена истрага која траела подолг временски период.

Нема компромис со криминалот, секој што прекршил закон мора да се соочи со одговорност.

Дека Христијан Мицкоски е на браникот на криминалот, како што и сам кажа во еден јавно објавен разговор, и дека е против правдата, граѓаните добро го знаат.

Но, кога станува збор за загрозување на полициска истрага, тоа повлекува и истрага за утврдување одговорност.

Обидите на Мицкоски за загрозување на истрагата, мора темелно да се истражат од страна на надлежните институции.

Особено што Министерството за внатрешни работи јасно соопшти дека токму Христијан Мицкоски „имал контакти“ и бил „во тесна врска“ со еден од сега веќе приведените во оваа полициска акција.

Само независна и транспрента истрага ќе даде одоговри кој е интересот на Христијан Мицкоски што се обиде да ја саботира оваа акција на полицијата?

Зошто Мицкоски бранел криминалци и има ли некакви должничко доверителски односи со нив?

Јавноста, со право очекува одговори.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести